Временска прогноза за првиот ден на летото

Временска прогноза за првиот ден на летото

3298
0
СПОДЕЛИ

Денес е среда, 21 јуни 2017 година, 172-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 04:53, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 22
минути.

Рано утринава во 6 часот, 24 минути и 20 секунди ни пристигна летото во
Македонија, но и во целата Северна хемисфера, додека истовремено на
јужната настапува зима. Летото ќе трае 93 дена, а ќе заврши на 22
септември во 17 часот и 22 минути, кога календарски започнува есента.

Првото летно утро во Македонија имаме претежно ведро и свежо време со
температури кои што се под просекот за овој период.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија и денес, денот го започнуваме со уште едно од
низата но и последно посвежо утро и утрински температури кои што се
движат во интервал од 7 до 17 степени. Во текот на денот ќе биде сончево
и  потопло време со пораст на максималните температури кои што пак денес
ќе достигнат до 23 односно до 34 степени. Ќе дува доумерен слаб северен
и северозападен ветер. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес ќе биде сончево и топло. Слаб северозападен
ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 32
степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредните денови,  Македонија ќе биде под
влијание на поле на висок воздушен притисок и продор на топла воздушна
маса што ќе условат претежно сончево и надпросечно топло време за овој
период од годината. Во четврток и недела претежно сончево со локална
облачност и топло време, иако во попладневните часови постојат услови за
сосема слаби и локални врнежи од дожд претежно во североисточните и
северозападните предели. Во четврток утринските температури од 9 до 19 а
максималните од 26 до 36 степени, додека пак во недела минималните од 12
до 21 а дневните пак од 29 до 39 степени. Во петок и сабота сончево и
многу топло време температури кои што ќе го надминат повеќегодишниот
просек за овој период од годината. Утринските од 10 до 19 односно од 12
до 21 степен, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 28 односно
до 38 степени и висока вредност на УВ индекс кој што ќе има вредност 9.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР