Временска за 30 јуни 2017: Уште еден тропски ден

Временска за 30 јуни 2017: Уште еден тропски ден

3360
0
СПОДЕЛИ

Денес е петок, 30 јуни 2017 година, 181-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 04:56, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 19
минути.

Ова утро под влијание на поле на висок воздушен притисок и југозападно
воздушно струење имаме претежно сончево и топло време со утрински
температури кои што се над просекот за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очекува тропски ден, ќе биде сончево
и многу топло време со дополнителен пораст на високите температурите кои
што ги имавме вчера. Ќе дува доумерен слаб југозападен ветер кој ќе
достигне брзина и до 20 км/ч. Утринските температури од 13 до 22
степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 30
односно до 42 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес тропски ден, сончево и многу топло време. Слаб
југозападен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната
дневна до 40 степени. УВ индекс 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Врвот на овој топлотен бран се очекува во сабота
кога не очекува уште еден тропски ден, ќе биде сончево и многу топло
време со дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 31 до 43
степени. Во недела претпладне претежно сончево со појава на локална
облачност, попладне продор на влажна и постудена воздушна маса која што
во северните, североисточните, источните и југоисточните предели ќе
услови локални врнежи од дожд и пад на дневните температури кои ќе
достигнат до 25 односно до 37 степени. Во понеделник умерено облачно
време со повремени сончеви периоди и осетно опаѓање на температурите, 
минималните ќе се движат од 11 до 20 степени, а максималните од 15 до 27
степени. Во вторник претежно сончево со појава на локална облачност и
малку потопло време. Утринските температури од 8 до 17 степени, додека
пак дневни температури ќе бележат благ пораст и ќе се движат од 18 до 30
степени.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР