Замина уште една музичка легенда: Почина Џорџ Мајкл

Замина уште една музичка легенда: Почина Џорџ Мајкл

0
СПОДЕЛИ

Британскиот пејач Џорџ Мајкл почина вчера вечерта на 53-годишна.

„Со голема тага можеме да потврдиме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ Мајкл мирно замина во својот дом во периодот на Божик. Семејството замолува да се почитува приватноста во овој емотивен и тежок период. Засега нема да следат повеќе коментари“, стои во објавата на неговиот агент.

Засега останува непозната причината за смртта. Од лондонската полиција само одговориле дека нема „сомнителни околности“.

џорџ мајкл

Џорџ Мајкл, чиешто родено име Георгиос Киријакос Панајотоу, роден е во Лондон, а има грчко потекло. Тој се стекна со светска слава во 1980-те години, кога настапуваше во поп-дуетот Wham! заедно со својот соученик Ендрју Риџли.

Поп суперѕвездата во кариерата продаде околу 100 милиони носачи на звук.

џорџ мајкл

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР