Зошто Македонија првпат на Евровизија разумно ги потроши парите?

Зошто Македонија првпат на Евровизија разумно ги потроши парите?

0
СПОДЕЛИ

Наводно либерална, а во суштина толку окована во политички стеги, така најдобро може да се опише музичкиот натпревар Евровизија.

Настан кој слободно може да се каже дека изгуби драж од времето кога настапуваа Аба, Селин Дион и Тото Кутуњо.

Денес, ретко која земја и придава поголемо значење, а пак кај нас секое чудо, па и ова за три дена се заборава.

Сведоци сме дека досега од Евровизија се откажаа околу 12 земји и секоја од нив имаше доста разумни причини зошто го прави тоа.

Некои се откажаа од финансиски причини, други поради недостиг на јавен интерес, а трети поради системот на гласање.

Но, всушност тука стои и базичната причина односно големата игра по прашањето, што всушност се бара на Евровизија?

Парашање на кое речиси сите земји го најдоа одговорот, а Македонија не.

Јасно е дека цело е кога има се, но никако не научивме дека секогаш важи правилото- помалку е повеќе.

Сите ќе се сложиме дека ова можеби е една од ретките Евровизии откога сме ги преслушале сите песни, инстантно алудираме на победникот.

Шведска сосема заслужено ја однесе победата од секој аспект, но треба да биде и школа од која Македонија треба да учи ако и поматаму остане во клапата на перманентни земји губитници.

Зарем за момент не помисливте дека барокните столбови од сценографијата на Даниел и излишните придружни вокали го расипаа впечатокот?

Ајде да заборавиме и на малите фалшови во вокалната интерпретација, но не би требало да си го простиме тоа што токму во сценографијата од победничката песна на Шведска имаше слични анимирани човечиња како од спотот на Даниел, толку требаше.

svedska

daniel

 

Ама не се сетивме дека вечаливите ефекти и шмекот веќе ги имаме во готовиот спот кој со мали измени можеше да го направи настапот далеку подобар, без експерименти во последен миг кои само ја уништија сликата за претставникот и горе-долу современа и модерна мелодија за која искрено се надевавме дека ќе се пласира и поклопи меѓе оние подобрите.

Зарем стилот од „Скопје 2014“ моравме да го однесеме и таму? Која беше поврзаноста на столбовите со песната и сензибилитетот на истата?

Секоја година во домашните медиуми и на социјалните мрежи може да се прочита дека Македонија не треба повеќе да биде дел од Евовизија, а зошто останува престиж очигледно е желба само на оние кои секоја година се во истата постава и го имаат правото на одлучување и пријавување.

evrovizija-hit-portal-51

Дополнтелната бламажа со нерегуларностите со македонското жири, само ја потврди нашата непрофесионалност во тој поглед незавнисно кое алби се понуди.

Кога можеле толку многу земји што добро се пласирале на Евровизија да и свртат грб, зошто да не можеме и ние?

Оваа година единствено позитивно е што македонската делегација и Даниел Кајмаковски разумно ги потрошија парите наменети за промоција.

Барем да бидеме среќни што Даниел ги пренасочи парите за апарат-респиратор за бебиња во Детската клиника во Скопје и не отидоа залудно како и секојпат.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР