Home ЗАБАВА Занимливости 100-годишник не сака да оди во пензија (фото)

100-годишник не сака да оди во пензија (фото)

SHARE

Одењето во пензија за многумина е период кога конечно може да уживаат во заслужените слободни денови, но еден стогодишник не го дели тој став.

Најстариот вработен во Велика Британија е 100-годишниот Џим Клементс.

Кога на 66 години отишол во пензија, не уживал во неработните денови, па се вработил во компанијата „Harlow“ во Есекс. Таму работи и сега – 34 години подоцна.

Откако влегол во 86-та работна година во 2013-та година, Џим вели дека сеуште нема намера да седи дома и да ужива во пензијата.

„Сакам да бидам зафатен и секогаш уживав да бидам на работа. Многу е добро да се биде сеуште активен. Тоа ме придвижува и ме прави млад“, рекол Клементс.

Со оглед на неговите години тој на работа доаѓа два пати неделно и тогаш ги средува документите, ги фрла старите документи, се јавува на телефон и фотокопира.

Тој со радост им вари чај на колешките, а тие велат дека тој сака да флертува.

РЕКЛАМИ: ---