Home КУЛТУРА Театар 13 претстави на МТФ „Војдан Чернодрински“

13 претстави на МТФ „Војдан Чернодрински“

SHARE

Тринаесет претстави на македонските професионални театри се во официјална конкуренција за награди на годинашниот 47. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински” кој од 1-ви до 8 јуни ќе се одржува во Прилеп.

Селекторот и уметнички директор Петар Темелковски денеска на прес-конференција соопшти дека фестивалот свечено ќе биде отворен на 1 јуни во Домот на културата „Марко Цепенков“.

Вечерта ќе биде изведена првата претстава во конкуренција за награди – „Свадбата на Фигаро” од Бомарше, во режија на Леван Цуладзе, а во изведба на Македонскиот народен театар. МНТ ќе учествува и со уште една претстава на МТФ „Војдан Чернодрински“ – „Животот на Молиер” од Михаил Булгаков во режија на Александар Поповски.

До 8 јуни публиката ќе може да ги види и претставите на Битолскиот театар ( „Вишновата градина” од Чехов во режија на Ѕвездана Ангеловска), Прилепскиот театар („Калигула” од Албер Ками во режија на Зоја Бузалковска), Драмски театар-Скопје („Генетика на кучињата” од Венко Андоновски во режија на Дејан Пројковски), Турскиот театар-Скопје („Шехерезада и Шахрајар” во режија на Дејан Дамјановски), Албанскиот театар-Скопје („Змеј” од Евгени Шварц во режија на Шкипе Н. Дука), Велешкиот театар („Онегин” од Пушкин во режија на Ѕвездана Ангеловска), Тетовскиот театар („Со тупаница на ножот” од Аугусто Боал во режија на Сулејман Рушити), Охридскиот театар („Полицајци” од Славомир Мрожек во режија на Андреј Цветановски), Штипскиот театар („Парите се отепувачка” од Ристо Крле во режија на Александар Ивановски), Струмичкиот театар („Сексуални нервози” од Лукас Берфус во режија на Александра Кардалевска) и Кумановскиот театар („Околиска болница” од Христо Бојчев во режија на Јане Спасиќ).

Годинашни добитници на наградата за животно дело се сценографот Владимир Георгиевски, актерката Незакет Али и актерот Владимир Светиев.

Постхумно награда за животно дело му се доделува и на Кирил Ристоски, актер, професор и човек кој 15-ина години беше на чело на МТФ. Ќе биде одржано и сеќавање за Ристоски, а фестивалот учествува и во подготовка на монографија за него.

РЕКЛАМИ:
Loading...