Home ЗАБАВА Секојдневие 15 деца си ги избричија главите во знак на поддршка на другар...

15 деца си ги избричија главите во знак на поддршка на другар болен од рак

SHARE

Приказна за малото момче Травис Селинка која ќе ве наежи. Тој дозна колкава може да биде моќта на пријателството.

Ова 10-годишното момче неодамна ја изгубило целата коса оради третман со радијација за лекување на рак на мозокот, па се плашело да се врати на училиште со ќелава глава.

Беше малку загрижен за враќањето на училиште само затоа што немаше коса. Се плашеше што ќе мислат другите деца – изјавила мајката на Травис.

Во знак на поддршка, петнаесет пријатели на Травис си ги избричија главите.

Без јас да знам, едно од момчињата со неговата мајка испланираа сè , изјавила учителката.

15 момчиња влегоа во таа берберница, 15 мажи излегоа. Секој пат кога ќе помислам на тоа, ми се полнат очите со солзи“,  рекла мајката на Травис.

Постапката на пријателите му го олеснило враќањето на Травис во училишните клупи.

Сакам многу да им се заблагодарам што го направија тоа – изјавил Травис за телевизијата Fox 5 San Diego.

Извор: Фемина.мк

РЕКЛАМИ:
Loading...