Home ЗАБАВА 5 златни правила за шопинг пред Нова Година

5 златни правила за шопинг пред Нова Година

SHARE

Еуфоријата и „лудилото“ за најактуелна и најинтересна декорација и подарок за празниците често не тера да правиме нерационални купувања.

Па така шопингот за празниците се претвори во стресена работа.

Но, ние за денес ви ги претставуваме 5-те златни правила за купување, кои ќе ви заштедат многу време и нерви.

1. Трпение

Не одете да купувате доколку немате доволно трпение да ги обиколите по неколку пати големи продавници во градот.

Така можете да ги споредите цените, за да купувате разумно. Иако понекогаш разликата во цената не е толку голема, некои од продавниците прават промоции, кои може да се добра зделка.

За да не „лутате“ бесцелно, добро е на интернет да ги побарате работите што сакате да ги купите, за да знаете што каде да барате.

2. Купувајте онлајн

Иако во нашата држава се уште малку луѓе купуваат преку интернет, оваа варијанта не е за испуштање.

Многу компании денеска нудат производи онлајн, а можете да најдете и многу попусти. Плус онлајн купувањето ќе ве поштеди од толпата луѓе и туркањето со полни кеси.

А, ако порачате повеќе работи тогаш испораката може да ви е бесплатна. Производите ќе ви бидат донесени до дома, без да мора да излегувате од топлиот дом.

3. Потрага по добри промоции

Многу продавници се обидуваат да привлечат повеќе купувачи за време на празничната манија, па прават промоции на цената или количината на стоката.

Можете да најдете производ кој одамна сакате да купите, на многу ниска цена, иако понекогаш количините се ограничени.

Промоција не се само за стоки, туку и за услуги како што се кабелска телевизија, мобилни телефони, интернет и слично.

4. Што порано, тоа подобро!

Од празничните понуди, особено ако се однесуваат за резервации, колку порано се резервира, толку истата е поефтина.

Добро е да го испланирате викендот или празничната вечера барем неколку недели порано. А, барајте атрактивни понуди барем еден месец пред празниците.

5. Споредувајте цени

Не брзајте при купувањето, проверете ги цените и распрашајте се кои производи се поповолни и проверете колку време имаат гаранција.

Во некои продавници може да ви понудат и бесплатна услуга, на пример транспорт на стоката, а во други можат да ви дадат едно плус едно гратис.

Поголемите продавници може да си дозволат поголеми намалувања на стоките, а освен тоа можете да купувате и на големо.

Не брзајте да купувате, бидејќи дури и ако количините се ограничени, тоа не значи дека цената ќе биде поволна за секого.