Home ЗАБАВА Занимливости 6 војнички ќе се натпреваруваат за Мис Израел (фото)

6 војнички ќе се натпреваруваат за Мис Израел (фото)

SHARE

Барем 6 од 20 девојки кои ќе учествуваат во натпреварот за избор на Мис Израел ќе имаат знаење како да расклопат и состават автоматска пушка, да знаат боречки вештини и без проблеми да направат поголем број склекови.

Ако се прашувате зошто, одговорот е едноставен – израелската војска (IDF) има шест преубави војнички кои претендираат на престижната титула.

Меѓу нив има инструкторка за падобранци, операторка во воздушните сили, инструкторка за пливање и логистички специјалист.

„Кога влегов во натпреварувањето, моите претпоставени ми дадоа голема подршка. Нивното одобрување е нешто што навистина го ценам“, рекла наредничката Ади Леви.

Друга војничка, наредничката Гаја Шукун, смета дека војската и моделството можат да се поврзат.

„Чувствувам одговорност подобро да објаснам што се случува во Израел“, истакнала таа, мислејќи притоа на своето искуство во војската и се што видела, а би можела да го пренесе како Мис.

Погледнете ги фотографиите на израелските војнички и проценете дали имаат некаква шанса.

 

РЕКЛАМИ:
Loading...