Home ЗАБАВА Занимливости 9 бизарни работи за кои нашето тело е способно

9 бизарни работи за кои нашето тело е способно

SHARE

Дали сте почуствувале болка во коските пред невреме? Или можеби имате мигрена пред да залади времето? Дали одреден мирис по некогаш ве навраќа во минатото?

Нашето тело прави навистина спектакуларни работи, па во следниот текст прочитајте кои се деветте „моќи“ кои ги поседувате, а не се знаеле.

1. Вашите зглобови може да го предвидат времето

Приказните за болка во зглобовите кога се менува времето, не се само приказни.

„Пред да дојде до невреме паѓа притисокот во воздухот. Нервите во зглобовите регистрираат релативен пораст на притисокот на течноста која создава болка. Ако зглобовите ве болат, тогаш земете чадор кога ќе излезете од дома“, тврди ортопедот Роберт Тејт.

2. Очите откриваат кога сте настинати

Ако сакате да дознаете дали некој е настинат погледнете го во очи.

„Кај силна хипотермија, крвите садови се стеснуваат поради заштедување енергија. Тоа доведува до солзење на очите“, тврди др. Руп Хансра.

3. Срцето може да ја предвиди иднината

Експертите од три универзитети, два од Америка и еден од Италија, направија супер истражување.

На анкетираните им покажувале различни фотографии и ги набљудувале нивните реакции.

Тие заклучиле дека се зголемува работата на срцето 9 секунди пред да им се покаже некоја вознемирувачка фотографија. Срцето на некој начин предвидело што ќе се случи.

4. Вагината може да почувствува возбудување пред мозокот

Истражувањето спроведено во Холандија покажа дека вагината станува влажна и спремна за полов однос пред жената да сфати дека навистина е возбудена.

5. Зениците откриваат дали сте вљубени

Кога некој ве приблекува, вашите зеници се шират, тврдат експертите. Но, тоа не се случува само кога сте вљубени, туку и кога сте среќни.

6. Мирисот буди спомени

Подрачјето околу мозокот кое е задолжено за сетилото за мирис се наоѓа во подрачјето задолжено за емоции.

Мирисот, сеќавањата и емоциите се испреплетени па некој мирис може да ве потсети на нешто што се случило одамна.

7. Вашите очи може да предвидат доаѓање на пролетта

Иако времето може да биде облачно, ладно и врнежливо, алергиите поради кои ве чешаат очите и ви солзат, можат да биде најава за пролетта која доаѓа.

Бројот на честичките на поленот расте со промената на времето.

8. Системот за варење може да ви даде надчовечки способности

Кога вашиот мозок е во состојба на возбуденост, се лачи адреналин, се зголемуваат отчукувањата на срцето, побрзо се дише и најважно се „гаси“ системот за варење, па тоа им овозможува на мускулите да се стиснат посилно од вообичаено.

9. Мигрената предвидува екстремна промена на температурите

Луѓето кои имаат мигрена се чувствителни при промени на температурите.

Ваквите промени создаваат хемиски дисбаланс во мозокот кој предизвикува мигрена. Поради тоа на сите кои страдаат од ова им се препорачува при промена на времето да останат во затворени простории.

РЕКЛАМИ: ---