На големо изненадување на публиката, Каролина Гочева го објави својот нов музички хит.
Пејачката направи подолга пауза во создавањето на нова музика и музички спотови, посветувајќи се на своите концерти и настапи.
Автор на музиката за „Од небо до дно“ е Каролина, текстот на Весна Малинова и Владимир Даниловиќ а одличниот аранжман на Роберт Билбилов.
Со оглед на позитивните коментари на фановите, несомнено е дека ова е уште еден хит на Каролина!