АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

Страотна е ситуацијата во Турција и Сирија, каде загинаа над 9000 луѓе, по страотниот земјотрес кој во понеделникот го погоди овој регион.

Сепак, повремено се појавуваат оптимистични вести кои будат надеж кај јавноста.

Имено, спасувачките екипи успеале да извлечат деца кои со часови биле затрупани под рушевините, и за среќа успеале да преживеат.

Во градот Идлиба, извлечена е мајка со три дечиња. Во моментот кога се извадени на сигурно, никој не се ни обидел да ја сокрие среќата поради спасените животи.

Во Салкина, недалеку од Идлиба е спасено и девојче кое над 40 часа било заробено под рушевините.

РЕКЛАМИ: