Студентката Ев Жил ја понесе титулата на нов „Мис Франција“ и веднаш стана центар на внимание поради нешто што едно нешто ја издвои од нејзините претходнички.
Она што ја разликува од повеќето мисици е нејзината кратка, момчешка фризура. Во контекстот на Мис Франција, каде што долгата и бујната коса обично претставува дел од убавината на кандидатките, изборот на кратка коса за Ев е нешто што се издига како необично и иновативно.
Според информации од францускиот весник „Л’Индепендант“, никогаш до сега Мис со кратка коса не успеала да ја понесе титулата.
Félicitations à Eve Gilles #MissFrance2024 !! 👏✨ pic.twitter.com/2CDgQ7iyf5
— Miss France (@MissFrance) December 17, 2023
Реакциите се различни, додека некои ја фалат нејзината различност, многу корисници се шегуваат на новоизбраната мис на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).