АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

Андреа Иванова, 27-годишната Бугарка позната како Бугарска Барбика, ја нарекуваат девојката со најголемите усни на светот.

Оваа трансформација започнала во 2018 година, а се верува дека до денес потрошила околу 25.000 евра на различни естетски процедури.

Бугарската Барбика веќе има повеќе од 30 инекции со хијалуронска киселина, а неодамна најави дека планира да стави филери и на двете страни на носот, со цел да го изедначи лицето и да го зачува младоликиот изглед.

Иако лекарите ја предупредуваат за ризиците и потенцијалните компликации, Андреа тврди дека е свесна за опасностите, но дека е самостојна и одлучува што ќе прави со своето тело.

Таа додава дека иако многумина чудно ја погледнуваат на улица поради нејзиниот изглед, не замерува.

Напротив, ги смета за свои обожаватели и секогаш е подготвена да им посвети внимание.

„Израснав и сама одлучувам што ќе правам со своето тело. Моите пријатели немаат проблем со тоа како изгледам, дури и кога излегуваме заедно. Но, често е смешно кога луѓето на улица ме гледаат и се чудат,“ додала таа.

Андреа Иванова продолжува да ужива во вниманието што го привлекува и на социјалните мрежи, каде нејзините следбеници редовно ги следат нејзините трансформации.

А еве како изгледала пред да стигне до денешниот шокантен изглед.

РЕКЛАМИ: