АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

По тешката сообраќајна несреќа што синоќа ја доживеаја Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ, се огласи пејачот и призна дека изгубил контрола врз возилото, но, како што тврди, немал алкохол во крвта.

Дарко Лазиќ откри како дошло до несреќата, а вели дека настанот воопшто не го памети.

– Изгубив контрола, гледам дека сите пренесоа дека сум бил во алкохолизирана состојба и дека се спомнуваат недозволени супстанци. Јас ги имам сите наоди од болница. Фала му на Бога, никому ништо, преживеавме. Сопругата ми е добро, јас имам повреди на главата, ништо страшно. Падаше дожд, ме занесе колата, удрив во автобус. Во автобусот немаше никој, никој не е повреден, сите сме живи и здрави. Немаше ниту пречекорување на брзината, одиме понатаму – изјави Дарко за Блиц.

Него и сопругата му ги разделиле, па му било најважно да дознае дека таа е добро.

– Нас нè разделија во еден момент, јас бев во бесознание, ама тоа воопшто не го паметам. Ми е многу драго што органите на редот реагираа брзо, како и Брзата помош. Го видов дека ја нема покрај мене, веднаш прашав дали е добро – раскажа Лазиќ и продолжи:

– Само знам кога стигнав во болница и кога се видов во огледало дека главата ми е расечена. Докторот ми кажа дека не е толку страшно колку што можело да биде. Имам 15 копчиња, но морам да напоменам дека алкохол и недозволени супстанци немаше.

РЕКЛАМИ: