АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Новата функција наречена „Ask YouTube“ ќе им овозможи на корисниците да поставуваат сложени прашања и да добиваат „сеопфатни резултати кои вклучуваат видео и текст, а потоа да поставуваат дополнителни прашања за подлабоко истражување“ на она што ги интересира, наведува Google на својата страница YouTube Labs. Експерименталната функција е достапна до 8 јуни за Premium претплатници во САД постари од 18 години.

За да се користи, најпрво треба да се активира функцијата на својот профил, по што се кликнува на новото копче „Ask YouTube“ во лентата за пребарување. Потоа ќе се појават предлози, или корисникот може сам да внесе прашање, како на пример: „испланирај тридневно патување со автомобил помеѓу San Francisco и Santa Barbara“. Откако ќе ги добие резултатите, корисникот може да поставува дополнителни прашања или да избере предложени упити за подетално истражување.

Во брз тест направен од The Verge, прашањето „кратка историја на слетувањето на Apollo 11 Moon Landing на Месечината“ прикажало резиме на мисијата, заедно со видеа и временски ознаки за релевантни информации. Дополнителните прашања дале слични резултати, но некои пребарувања прикажале само листа на видеа, како кај класичното пребарување на YouTube. Сепак, како што понекогаш се случува со вештачката интелигенција, едно од пребарувањата дало фактички неточни информации.

Технолошките компании ја сакаат вештачката интелигенција многу повеќе отколку јавноста, а корисниците на YouTube особено гласно го критикуваат „содржинскиот отпад“ создаден од AI. Новата AI функција за пребарување можеби ќе има подобар прием кај претплатниците – но само ако им помогне побрзо да пронајдат квалитетна содржина.

РЕКЛАМИ: