АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Во Хрватска наскоро треба да пристигне робот што би можел да замени дури шест ѕидари, а истовремено е дизајниран да работи и во неповолни временски услови. Роботот е развиен од австриската компанија „Винербергер“ и има капацитет да изѕида до 10 квадратни метри на час. Може да работи до висина од 3,5 метри без потреба од градежни скелиња, пренесува „Слободна Далмација“.

Се користи за ѕидање од вториот ред на цигли, додека првиот ред сè уште го поставува искусен ѕидар. Потоа роботот, со помош на сензори, ја проверува положбата на секоја цигла, ги коригира евентуалните отстапувања и обезбедува висока прецизност во понатамошната работа.

За негово функционирање е потребен приклучок за електрична енергија од 400 волти, обучен оператор и еден помошен работник.

Во словенечкиот град Церкница веќе е реализиран првиот проект на роботизирана градба во регионот, додека низ Европа овие машини досега учествувале во повеќе од 40 комерцијални проекти.

Во моментов во Европа активно работат 12 вакви роботи, а се очекува до крајот на 2027 година да бидат воведени уште неколку десетици слични машини.

РЕКЛАМИ: