АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Две лица се приведени откако нелегално се искачиле на врвот на антената на облакодерот „Емпајер стејт билдинг“ во Њујорк, каде што се свршиле и развиле транспарент со порака за мир, соопшти Полицијата на Њујорк.

Станува збор за Анџела Николау и Иван Кузњецов, кои не пружиле отпор при приведувањето. Истражителите сè уште утврдуваат како успеале да влезат во дел од зградата што не е достапен за јавноста, пренесува „Гардијан“.

Двајца припадници на специјалната полициска единица се искачиле по скали до врвот на антената, безбедно ги симнале двајцата и потоа ги привеле.

Николау на својот профил на Инстаграм објавила фотографии и видеа од необичната просидба, меѓу кои и снимка од свршеничкиот прстен со панорамата на Њујорк во позадина.


На врвот на антената парот развил транспарент со натпис: „Кога моќта на љубовта ќе ја победи љубовта кон моќта, светот ќе го запознае мирот“.

Поранешниот заменик-директор на ФБИ, Ендру Мекејб, за Си-ен-ен изјави дека ваквиот опасен потег ги довел градските власти, полицијата и сопствениците на зградата во незавидна ситуација.

„Ќе мора да направат сè за овие лица да бидат соодветно процесуирани, бидејќи не смеат да дозволат некој друг да го види ова и да одлучи да го повтори“, рече Мекејб.

Засега не е познато како двојката успеала да стигне до врвот на антената, која ги пренесува сигналите на речиси сите локални телевизиски и радиостаници во Њујорк.

РЕКЛАМИ: