АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

На 75-годишна возраст денес почина легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски. Веста за неговата смрт, по долгата борба со бројните здравствени проблеми ја потврди неговото семејство.
Зад него остануваат маестрално одиграните улоги во бројни серии, драми и емисии, како во театарот, така и на телевизијата и радиото.
Тодоровски, не сакаше да дава инервјуано во ретките не криеше дека има многу здравствени проблеми,а сепак секогаш преовладуваше неговата огромна смисла за хумор.
Македонската културна јавност и театарска сцена останаа без еден од своите најпрепознатливи и најсакани актери, Гоце Тодоровски, кој со својата харизма, автентичен хумор и посебна актерска енергија со децении беше симбол на македонското глумиште. Тодоровски остави длабок и траен белег преку бројните улоги во македонскиот театарски, телевизиски и филмски простор, со уникатната способност секој лик да го направи близок, топол и препознатлив за широката публика од повеќе генерации.

​За пошироката јавност неговото име останува синоќа врзано за култните „Македонски народни приказни“, каде преку своите незаборавни ликови помогна народното творештво, хуморот, традицијата и македонскиот јазик да допрат до секој дом. Паралелно со телевизискиот успех, тој остана запаметен и како долгогодишен и истакнат член на Драмскиот театар во Скопје, каде одигра десетици улоги кои ја одбележаа македонската театарска историја, делејќи ја сцената со врвни актерски имиња и покажувајќи исклучително чувство за комедија соединето со силен драмски израз.
За својата долгогодишна и успешна работа доби бројни и награди и признанија.

​Со заминувањето на Гоце Тодоровски, македонската култура загуби великан чиј весел дух, препознатлив глас и искрена непосредност остануваат трајно врежани во колективната меморија на народот. Богатејќи ја македонската уметност со децении, тој зад себе остави непроценливо наследство од улоги и претстави што ќе продолжуваат да живеат во идните генерации.

РЕКЛАМИ: