Home СПОРТ Кошарка АБА лигата останува без еден претставник

АБА лигата останува без еден претставник

SHARE

Кошаркарскиот сојуз на Унгарија му постави ултиматум на тамошниот претставник во врска со неговиот настап во АБА лигата.

Станува збор за Солнок на кого Сојузот му наложи од идната есен да учествува во регионалното натпреварување паралелно со домашното првенство.

Ако не сака, тогаш да се откаже од АБА лигата бидејќи приоритет е силен шампионат на Унгарија.

Со оглед на тоа што Солнок сигурно ќе игра и во Еврокупот, најверојатно ќе се откаже од Јадранската лига.

„Информацијата се уште не е потврдена, но и ние имаме такви најави“, соопшти спортскиот директор на АБА лигата, Јосип Билиќ.

Евентуалното повлекување на Солнок би предизвикало проблеми за челниците на лигата. Освен што ќе остане без еден тим, ќе мора да се откаже и од околу 50 илјади евра (неофицијално) колку што плаќа Солнок за годишна лиценца.

Повеќе спорт на: sportclub.mk

РЕКЛАМИ:
Loading...