Home INFO Аца Лукас ги тужи “Ѕвездите на Гранд”: Оваа позната пејачка му е...

Аца Лукас ги тужи “Ѕвездите на Гранд”: Оваа позната пејачка му е сведок

реклама:Велигден со Стаф

Освен што поднесе тужба против националната телевизија РТС, српскиот пејач Александар Вуксановиќ, попознат како Аца Лукас покрена парница и со познатата “Гранд” “продукција.

Пејачот Александар Вуксановиќ поднесе тужба против продукцијата од причина што, како што тој тврди неовластено ја присвоиле заработката од неговиот дует со Милица Павловиќ насловен како “Kidaš me”.

Лукас смета дека Гранд немале право на заработката од прегледите на песната на Јутјуб, и на други стриминг платформи, а спорни се и изведувачките права кои се регистрирани во авторска агенција, пренесува српски Курир.

Според извори на Курир, по предлог на тужителот, сведок во постапката ќе биде токму Милица Павловиќ.

Пејачката не ги коментирала вестите за тужбата, и нејзината инволвираност како сведок, но според Курир, извесен период се зборува дека Гранд пак ја тужеле Милица поради тоа што се пријавила како сопственик на изведувачките права на спорната песна.
ПР службата на Гранд ја демантирала последнава информација.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------