Home INFO Аки Рахимовски доживеал мозочен удар

Аки Рахимовски доживеал мозочен удар

SHARE

Фронтменот на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски (62), доживеал полесен мозочен удар, а сите концерти на бендот се откажани, соопштено е на официјалните страници на групата на Фејсбук и на Инстаграм.

„За жал принудени сме да ги откажеме сите концерти на неопределено. Аки Рахимовски имаше полесен мозочен удар и иако се чувствува подобро, некое време треба да забави и да се фокусира на заздравувањето. Многу сериозно ја сфаќаме нашата работа и со незадоволство ќе разочараме илјадници луѓе кои се радуваа за претстојните концерти, но здравјето на Аки сега е на прво место“, пишува во објавите на социјалните мрежи.

Рахимовски за хрватски медиум изјавил дека се чувствува добро.

РЕКЛАМИ:
Loading...