Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Актерки, пејачки и стриптизети ова се сите познати дами кои беа во...

Актерки, пејачки и стриптизети ова се сите познати дами кои беа во врска со актерот Бен Афлек

реклама:ХитКујна канал

За вас ја подготвивме комлетната листа на сите жени кои актерот Бен Афлек ги сакал, се забавувал со нив или ги користел само за една ноќ.

За време на неговиот брак со актерката Џенифер Гарнер, флертувањето со младите дами му одеше од рака, па меѓу нив може да се споменат Блејк Лајвли, Емили Ратајковски и Ана Кендрик, колешка со која поминуваше часови и денови на сетот за филмовите „The Town“, „Gone Girl“ и оној кој не очекува наскоро „The Accountant“.

Исто така, во 2008 година имал и повеќе од пријателски однос со британската актерка Хејли Атвел, со која заедно присусвуваше на вечера во куќата на неговиот брат Касеј во Лондон.

Пред да застане на лудиот камен со Џенифер Гарнер, на сите им е позната романсата која ја имаше со Џенифер Лопез, се до 2003 година кога решија да ја откажат нивната планирана венчавка.

Главната причина за нивното раскинување е и аферата која Бен ја имал со стриптизетата Тами Морис, пишуваше списанието „Enquirer“.

Кога новинарите ја прашале како ја коментира претстојната венчавка со Џеј Ло, таа одговорила: „Еднаш преварант, секогаш преварант!“.

На крајот на 90-те, Бен беше опасно вљубен во Гвинет Палтроу со која работеше на филмот „Вљубениот Шекспир“, за подоцна да покаже интересирање и за колешката Сандра Булок, додека заедно го снимале филмот „Forces of Nature“,во 1999 година.

И ден денеска се присетува како бил воодушевен од сексипилната Селма Хајек кога заедно танцувале на филмскиот фестивал во Кан, но немало никакво понатамошно интересирање ниту од двете страни, па Бен се препуштил во прегратките на атрактивна ТВ водителка.

Додека уште траела мини романсата меѓу него и Гвинет, Афлек полудел и за поп ѕвездата Бритни Спирс, која никогаш не се срамела да признае дека отсекогаш била негова симпатија.

Извор исто така наведува дека покрај големите ѕвезди од филмот и музиката, има и безброј дами кои не се познати, почнувајќи од статистки, кои ги носел од сетот на капење во блиско езерце, до келнерка во Канада.

РЕКЛАМИ:„ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“