Home ШОУ БИЗз Балкан Ана Грубин ја „шутнаа“ од X-Factor, Иван Ивановиќ нов водител

Ана Грубин ја „шутнаа“ од X-Factor, Иван Ивановиќ нов водител

SHARE

Новата сезона од музичкото натпреварување X-Factor, кое ќе се емитува на телевизија Прва во Србија, ќе ја водат Иван Ивановиќ и Антонија Блаче.

Како што пишува Ало!, продукцијата и се заблагодарила на Ана Грубин на соработката и нема да ја ангажираат во втората сезона од ова популарно музичко натпреварување.

– Организаторите и соопштија на Ана дека нема да биде дел од шоу програмата која ќе се емитува во целиот регион, и дека на нејзино место ќе дојде Иван Ивановиќ. На Ана не и се допадна одлуката на продукцијата, особено што смета дека првата сезона ја изработила одлично, изјавил извор близок до продукцијата.

Ккао што наведува изворот, организарторите процениле дека Иван во дует со Антонија е вистински погодок, со оглед на тоа што се работи за два најпознати водители на просторите на Србија и Хрватска.

Од ПР тимот на Прва ТВ пак, изјавиле дека е рано да се зборува за детали.

– Некои од деталите можете да ги видите на нашиот сајт, а останатото не би го откривале, изјавила Слаѓана Пауновиќ.

Antonia Blaće

РЕКЛАМИ:
Loading...