Home ШОУ БИЗз Мак сцена Водителката на Алфа – Анкица Стојановска и Иван ја направија нивната свадба...

Водителката на Алфа – Анкица Стојановска и Иван ја направија нивната свадба од соништата

SHARE

Водителката на Алфа телевизија Анкица Стојановска сега и Митровска вчера ја круниса својата долгогодишна љубов со нејзиниот сакан Иван.

По нивната 6 годишна врска Иван минатата година ја запроси на романтичен начин на островот Крф за да по една година ја направат нивната свадба од соништата.

Во присуство на многу роднини и пријатели, колеги од Алфа телевизија и Скај радио во хотелот – Александар Палас, вчера Анкица и Иван приредија одлична веселба за сите нив.

Пред првото танго гостите ги поздрави Ирена Спировска зборувајќи за нивната љубовна приказна, а за музичкиот дел беше задолжена Даниела Темелковска со нејзиниот бенд.

Не требаше многу сите да се расположат па така со по некоја песна атмосферата ја загреаа Зуица Лазова и Наум Петревски кои што беа дел од гостите.

Останатите детали не ги откриваме но ова беше вистинска свадба за паметење.

Среќен брак и долг заеднички живот ви посакува тимот на ХИТ ПОРТАЛ!

РЕКЛАМИ:
Loading...