Home ЗАБАВА Гаџети „Apple“ го потврди купувањето на апликацијата за препознавање музика „Shazam“

„Apple“ го потврди купувањето на апликацијата за препознавање музика „Shazam“

422
0
SHARE

Технолошката компанија „Apple“ потврди дека ќе ја превземе апликацијата за препознавање музика „Shazam“, објави „Фајненшал тајмс“.

„Возбудени сме што „Shazam“ и неговиот талентиран тим се приклучуваат кон „Apple“, велат од компанијата.

Условите на трансакцијата не се обелоденети. Според извори, нејзината вредност е околу 400 милиони долари, што е помалку од половина од проценката на „Shazam“ по приватното финансирање во 2015 година.
„Apple“ прави релативно малку вакви големи аквизиции, традиционално купувајќи десетина помали стартап компании во текот на годината.

Договорот вреден 400 милиони долари го рангира договорот меѓу некои од најголемите во последните 20 години.

Најголемата аквизиција на „Apple“ досега е купувањето на „Beats Electronics“ за 3 милијарди долари во 2014 година, што ја создаде основата за стриминг услугата „Apple Music“.

„Shazam“ сега е интегриран со „Apple Music“ и со виртуелниот асистент на „Siri“, како и чат апликацијата „Snapchat“ и стриминг платформата „Spotify“.

„Shazam“ им помага на корисниците да препознаат музика околу нив преку патентиран систем за препознавање на аудио.

Во соопштение, „Shazam“ велат дека „постигнале договор да станат дел од „Apple“.

„Не можеме да замислиме подобар дом за „Shazam“ кој ќе ни овозможи да продолжиме да правиме иновации и да носиме магија за нашите корисници“, велат од компанијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here