Home СПОРТ Фудбал Аргентина во цврст и неизвесен натпревар се радуваше на победата на БиХ

Аргентина во цврст и неизвесен натпревар се радуваше на победата на БиХ

SHARE

Репрезентацијата на Аргентина ја совлада Босна и Херцеговина во првиот натпревар од групата Ф на Светското првенство во Бразил со 2:1.

Босна остави добар впечаток на дебитантскиот настап против неубедливите „Гаучоси“, но сепак, на крајот мораа да се помират со поразот.

Босна го плати данокот на неискуство и трема, па веќе во 3. минута од натпреварот резултатот гласеше 1:0, откако по центаршутот на Меси, Колашинац беше несмасен во казнениот простор и си постигна автогол, со што ги исфрли од ритам „Змејовите“ и во првиот дел од првото полувреме не личеа на себе.

Првиот дел продолжи со бледата игра на двете репрезентации. Меси и останатите клучни играчи беа запрени од грубата игра на Босанците, немаа конкретни шанси и додавања.

Во вториот дел поинаква слика на теренот, разиграни и двата тима со далеку подобра фудбалска претстава од двете екипи, имаше шанси на двете страни, Босна се повеќе почна да напаѓа кон голот на Аргентина, а дотогаш невидливиот Меси во 65. минута започна одлична акција мина двајца играчи на Босна и го матираше немоќниот Беговиќ. Меси до тогаш делуваше невидливо, но на мајсторот му е доволен само мал простор да го покаже своето фудбалско знаење.

Потоа Аргентинците се закануваа преку брзи контри, но Босна успеа да одолее на нападите на „Гаучосите“. Десетина минути пред крајот, Босна го постигна својот почесен погодок на натпреварот. Резервистот Ибишевиќ, го искористи одличното додавање од Лулиќ и го совлада Ромеро за конечни 2:1.

Повеќе спорт на sportclub.mk


Argentina 2:1 Bosnia & Herzegovina All Goals… by GEntertainmentSPORT

РЕКЛАМИ: ---