Home КУЛТУРА Кино Арманд Асанте во продолжението на филмот „Монтевидео“

Арманд Асанте во продолжението на филмот „Монтевидео“

SHARE

Американскиот актер Арманд Асанте ќе глуми во продолжението на популарниот филм и ТВ серија „Монтевидео, Бог те видео“ во режија на Драган Бјелогрлиќ, соопшти денеска продуцентската компанијата „Интермедиа нетворк“.

Американскиот актер во продолжението на фудбалската сага за престојот на српската реперезенацијата во Монтевидео на Првиот Светски натпревар, глуми фиктивен лик на американски менаџер кој во фудбалот го препознава спортот на иднината и сонува дека од сите селекции ќе направи екипа на соништата.

Асанте кој се придружи на екипата на филмот на снимањето на Тенерифе, рече дека му е „голема чест да работи надвор од својата земја и да се придружи на екипата која вака е дисциплинирана и концентрирана“.

Асанте е ирско-италијански актер, роден во Њујорк. Најпознат е по улогата во филмот „Кралеви на мамбото“. Добитник е на Еми наградата за улогата во ТВ серијата „Готи“, а глумеше и во филмовите „Судијата Дред“ и „Американски гангстер“.

Во својата речиси 40 години долга кариера, играше и во над 50 филмови и околу 20 ТВ серии.

РЕКЛАМИ:
Loading...