Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Аукција: Шољата на Лејди Гага достигна цена од 38.000 евра

Аукција: Шољата на Лејди Гага достигна цена од 38.000 евра

SHARE

Фановите на Лејди Гага во Јапонија имаа можност на аукција да ја купат шољата за чај која еднаш ја користела американската поп дива.

Цената на таа шоља, пет дена пред затворање на on-line продажбата порасна на 38.000 евра.

Од порцеланската шољичка со тацна, Лејди Гага пиела чај на конференцијата за новинари во Токио три месеци по катастрофалниот земјотрес и цунами кое на 11 март 2011 година го погоди североистокот на Јапонија.

Пејачката тогаш најави дека на аукција ќе ја продаде шољата на која останала трага од нејзиниот кармин. На шољата е напишана пораката „Се молиме за Јапонија“ и потписот на Лејди Гага.

Сите пари од продажбата се наменети за јапонските студенти по уметност кои сакаат да студираат во САД.

Шољата беше понудена на продажба по цена од еден јен во понеделникот напладне.

Аукцијата завршува во недела во 14.00, а аукцијата може да се следи на сајтот „Yahoo Auction Japan“.

 

РЕКЛАМИ: ---