Home ЗАБАВА Занимливости Австралиски милијардер најави изградба на „Титаник 2“

Австралиски милијардер најави изградба на „Титаник 2“

SHARE

Еден од најбогатите Австралијци, милијардерот Клајв Палмер, ја ангажира кинеската државна компанија за изградба на модерна верзија на „Титаник“ од 21 век.

Милијардерот Палмер потврди дека изградбата на „Титаник 2“ ќе почне кон крајот на следната година и дека наследникот на легендарниот брод ќе исплови во 2016 година.

Планот е новиот брод што повеќе да наликува на оригиналниот „Титаник“. Дизајнот и спецификациите ќе бидат многу слични, но бродот ќе биде опремен со модерна технологија.

Палмер за австралиските медиуми изјави дека веќе потпишал договор со бродоградилиштето „ЦСЦ Јинлинг“.

– Мојот брод ќе биде луксузен како и оригиналниот „Титаник“, но ќе биде опремен со најмодерна технологија и најновите навигациски и безбедносни системи, нагласи Палмер.

[pullquote_left]Планот е новиот брод што повеќе да наликува на оригиналниот „Титаник“. Дизајнот и спецификациите ќе бидат многу слични, но бродот ќе биде опремен со модерна технологија.[/pullquote_left]

Изградбата на „Титаник 2“ е објавена кратко по стогодишнината од потонувањето на „Титаник“. Тој беше еден од најлуксузните бродови во своето време, а потона по судир со санта мраз на 15 април 1912 година. Во несреќата загинаа повеќе од 1.500 луѓе. Бродот на своето прво и последно патување исплови од Саутемптон кон Њујорк.

Новиот брод би требало од Лондон да исплови кон Њујорк кон крајот на 2016 година.

– Ќе биде добро дизајниран, така што нема да потоне. Се разбира, ако сте суеверни, никогаш не знаете што може да се случи, нагласи Палмер.

Колку ќе чини изградбата на „Титаник 2“ се уште не е познато.

Палмер има многу силни бизнис врски со Кина. Работењето со рудници го прошири и во туристичкииот сектор. Поседува луксузно одморалиште и флота луксузни крузери.

Планот за изградба на „Титаник 2“ е најавен истиот ден, кога е објавено дека Палмер ќе се кандидира на изборите.

РЕКЛАМИ:
Loading...