Home ЗАБАВА Занимливости Автобус полн со „стари моми“ пристигна во градче полно со ергени

Автобус полн со „стари моми“ пристигна во градче полно со ергени

SHARE

Инспирирани од холивудски вестерн филм, група на жени организирано отпатувале во мало шпанско градче во обид да го спасат од пропаст.

Имено, недостатокот на слободни жени во ова место придонесе бројот на жители сериозно да се намали.

Кога слободните жени од Мадрид стигнале во местото Канделеда, сцената на главниот плоштад потсетувала на онаа од вестерн филмот од 1951 година „Westward the Woman“ со Роберт Тејлор и Денис Дарсел.

Во ова филмско остварување, жените биле носени со вагони за да им дадат малку утеха и радост на осамените каубојци.

Исто како на филм
Исто како на филм

Канделеда има 6.000 жители и се наоѓа покрај реката Лобера. Минатиот викенд машкиот дел од популацијата биле домаќини на 68 жени кои од Мадрид пристигнале за да се запознаат со локалните самци.

– Бев овде со неколку вдовици и жени кои се сами. Среќен сум што стугнуваат нови дами на кои ќе можам да им покажам колку е убав нашиот град, изјавил 67-годишниот Хозе Мигел кој не би сакал неговото родно место еден ден да исчезне поради недостатокот на жени.

Канделеда има 6.000 жители и се наоѓа покрај реката Лобера
Канделеда има 6.000 жители и се наоѓа покрај реката Лобера

Како жените пристигнале, веднаш блеснале искри, а локалците и дамите играле и отворено флертувале.

РЕКЛАМИ:
Loading...