Home ЗАБАВА Луд Свет Баба најголем дилер на марихуана

Баба најголем дилер на марихуана

SHARE

Дарлен Мејс на прв поглед изледа како и сите други бабични, но судејќи по полициската истрага, таа е најголемиот дилер на марихуана во Оклахома.

Полицијата во Оклахома влегла во станот на 73-годишната баба, очекувајки да разбие мал клан на дилери на дрога. Меѓутоа, во станот на бабата пронашле многу повеќе.

Дарлен Мејс е всушност еден од најголемите дилери на марихуана во Оклахома и уште 4 држави, пренесува ABC News. Полицијата во нејзиниот стан пронашла голема количина на марихуана, 276.000 долари во кеш како и неколку парчиња оружје.

Старицата првобитно и рекла на полицијата дека пронајдените пари всушност е нејзината пензионерска заштеда. Полицијата ја уапсила неа и нејзиниот син, кој исто така бил замешан во бизнисот со дрогата.

Ова не е прв случај постари личности да се замешани во ваква работа, затоа што на нив никој не се сомнева, пријатни се, не комуницираат со многу луѓе и затоа со оваа работа можат да се занимаваат многу години.

РЕКЛАМИ:
Loading...