Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Backstreet Boys се враќаат во полн состав!

Backstreet Boys се враќаат во полн состав!

SHARE

Сега е официјално, Кевин Ричардсон се враќа во групата!

Ник, Еј Џеј, Брајан и Хауи на концерт во Лондонската О2 арена на пибликата и се пофалиле дека наскоро ќе настапат во полн состав.

„Сакаме со фановите ширум светот да ја поделиме нашата тајна – Кевин се враќа“, соопштиле на глас, а публиката оваа исформација ја дочека со врисоци.

Покрај веќе планираната турнеја на уште еден „тинејџерски бенд“ New Kids On The Block, групата Backstreet Boys ќе издадат нов албум и ќе тргнат на промотивна светска турнеја.

На минатата светска турнеја, како четворка, не се прославија баш.

Можеби сега ќе успеат на своите концерти да привлечат десетици илјади тинејџери, како и во средината деведесетите кога се стекнаа со светска слава со албумите „Backstreet Boys“ и „Backstreet’s Back“ и хитовите „I’ll never break your heart“, „Everybody“, „As long as you love me“.

РЕКЛАМИ:
Loading...