Home КУЛТУРА Настани Балетот „Есмералда“ утре во МОБ

Балетот „Есмералда“ утре во МОБ

SHARE

Во МОБ утревечер ќе биде изведена балетската претстава „Есмералда“ од Цезар Пуњи, под диригентство на Бисера Чадловска.

Кореографијата е на Михаил Крапивин од Русија, а сценографијата на Живојин Трајановиќ. За костимите се погрижи Љупка Ристовска.

Како солисти настапуваат Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Ивана Коцевска, Киро Павлов и Драган Кочовски.

Концерт мајстор е Климент Тодороски. Ќе настапат и балетскиот ансамбл, како и оркестарот при МОБ.

РЕКЛАМИ:
Loading...