Home КУЛТУРА Настани Balkan Music Square во Античкиот театар во Охрид

Balkan Music Square во Античкиот театар во Охрид

SHARE

Во Античкиот театар во Охрид, вечер почнува дванаесеттото по ред издание на традиционалниот музички фестивал Balkan Music Square.

Фестивалот ќе го отвори виртуозот на хармоника Горан Алачки, а по него ќе настапи српската група „Златопис“ од Белград, предводена од рок легендата Љуба Нинковиќ.

Втората фестивалска вечер ќе ја отвори македонската група „Ла Колони Волвокс“, предводена од Сашо Гигов – Гиш, а веднаш по неа целовечерен концерт ќе одржи групата која ги освои срцата на Европа, на овогодинaшното издание на Евровизија во Малме, „Коза Мостра“ од Грција.

РЕКЛАМИ: ---