Home ЗАБАВА Занимливости Барбиките губат на популарност поради видео игрите!

Барбиките губат на популарност поради видео игрите!

SHARE

Профитот на најголемиот производител на играчки, американската компанија „Мател“ во првото тромесечје од оваа година е повеќе од преполовен, а една од причините за вака наглиот пад е намалената продажба на култините кукли „Барби“.

Експертите напоменуваат дека производителите на традиционалните играчки се потешко ги придобиваат потрошувачите затоа што нивните артикли тешко можат да им конкурираат на видео-игрите.

Најголемото разочарување во првиот квартал биле резултатите од продажбата на култната кукла „Барбика“, која опаднала за 6% во однос на растот од 14% во истиот период во 2011 година.

[pullquote_left]Дечињата се повеќе ги сакаат игрите за таблетите како iPad или конзолата Xbox.[/pullquote_left]

Наглиот пад на заработувачката во компанијата го образложиле и трошоците за превземањето за 680 милиони долари на компанијата „Хит Ентертејмент“  на кого му припаѓаат брендовите на играчки како што се „Возот Томас“ и „Градителот Боб“.

Експертите истакнуваат дека производителите на традиционалните играчки се потешко можат да ги заинтересираат децата за обичните кукли и автомобилчиња.

Како би ги задоволиле вкусовите на своите потенцијални купувачи, компанијата започнува со изработка на интерактивни играчки.

Па така, „Мател“ призведе неколку модели на тркачки автомобили кои можат да се „возат“ по екранот на iPad.

РЕКЛАМИ:
Loading...