Home СПОРТ Фудбал Базел преку пенали до полуфиналето во Лига Европа

Базел преку пенали до полуфиналето во Лига Европа

SHARE

Екипата на Базел дури по изведувањето пенали успеа да го елиминира фаворизираниот Тотенхем и да се пласира во полуфиналето од УЕФА Европа лигата.

Во реванш-четвртфиналниот дуел во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Европа, синоќа во Базел, истоимената екипа и гостинот од Лондон одиграа 2:2, идентично како и на првиот меч во Англија.

По 30-минутното продолжение победникот не беше решен, па се шутираа пенали. Поуспешни беа домаќините за голема радост на „Сент Јакоб-Парк“.

Головите за швајцарскиот претставник во основните 90 минути ги постигнаа Мохамед Салах (27.минута) и Александар Драговиќ (49), додека двоен стрелец за Тотенхем беше Клинт Демпси (23 и 82.минута).

Другите три полуфиналисти се Челзи, Фенербахче и Бенфика.

Комплетни резултати на четвртфиналните пресметки од ЛЕ:

Рубин – Челзи 3:2 (прв натпревар 1:3) вкупно 5:4 за Челзи;
Базел – Тотенхем 2:2 (прв натпревар 2:2) на пенали 4:1 за Базел;
Лацио – Фенербахче 1:1 (прв натпревар 0:2) вкупно 3:1 за Фенербахче;
Њукасл – Бенфика 1:1 (прв натпревар 1:3) вкупно 4:2 за Бенфика.

Извлекување на полуфиналните двојки ќе биде извршено денеска.

РЕКЛАМИ:
Loading...