Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Видео: Бекамови се бакнаа пред 20.000 луѓе

Видео: Бекамови се бакнаа пред 20.000 луѓе

SHARE

Познатиот пар се нашол во безизлезна ситуација, па биле буквално натерани пред толпа фанови јавно да ги искажат своите чувства.

Викторија и Дејвид Бекам отишле заедно на последниот натпревар на L.A. Lakers, каде ги дочекало изненадување.

Додека чекале да започне натпреварот, на големиот екран во салата се појавила слика на која тие двајца биле „врамени“ во облик на срце, а под срцето пишувало „Бакни ме“.

Викторија се запрепастила кога видела што се случува, а кога целата арена почнала да скандира познатиот пар да се бакне, овие двајца немале баш и некој избор.

На воодушевување на 20.000 луѓе бакнеж паднал, а потоа и громогласен аплауз.

Како изгледало тоа, погледнете во видеото…

РЕКЛАМИ: ---