Home INFO Бетонско здание вредно милиони: Ѕирнете во новата куќа на Бијонсе и Џеј...

Бетонско здание вредно милиони: Ѕирнете во новата куќа на Бијонсе и Џеј Зи

реклама:Лето во Банско

Славниот брачен пар, музичката двојка Џеј Зи и Бијонсе се познати по својот луксузен начин на живот.

Откако Бијонсе и Џеј Зи стапија во брак во 2008 година, парот постојано купуваше и продаваше имоти во Њујорк, Њу Орлеанс, Мајами, Лос Анџелес, Хемптонс…

Последна во низата недвижнини во нивна сопственост е вила во Малибу која го собори рекордот на најскапа недвижност во Калифорнија.

Станува збор за здание од сиров бетон, со поглед на океанот, вредно неверојатни 200 милиони долари. Градбата е дело на јапонскиот архитект Тадао Андо, кој во моменто е ангажиран и на куќата на Канје Вест кој ќе живее во соседството на Бијонсе и Џеј Зи.

Огласената цена била многу повисока и изнесувала околу 295 милиони долари. Сепак, Бијонсе и Џеј Зи успеале да се договорат за 200 милиони долари.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------