Home INFO Би можела да му биде и прабаба: Оваа жена има 53 години...

Би можела да му биде и прабаба: Оваа жена има 53 години помлад маж (ВИДЕО)

SHARE
принтскрин/youtube.com
Фото: принтскрин/youtube.com

Гери Хардвик (19) ја запознал Алмеда (72) во една локална пицерија. Денес се сопружници и отворено говорат за нивниот брак и сексуален живот.
Алмеда, баба на шест внучиња, не ни сонувала дека ќе се заљуби во тинејџер се додека не го сретнала Гери. По само две недели врска, тој ја запросил.
Парот живее во Тенеси и според нивните изјави, имаат хармоничен и среќен брак.
Гери кој го одгледала неговата баба, вели дека отсекогаш го привлекувале постари жени. Оние на негова возраст воопшто не ги приметувал. Тој гордо изјавува дека неговата 72 годишна сопруга е неверојатна во кревет и ги задоволува сите негови потреби.
Сепак оваа чудна врска за многумина е бизарна. Дури и синот на Алмеда престанал да комуницира со неа откако дознал за врската со Гери, кој е на возраст скоро колку и нејзините внуци.


РЕКЛАМИ:
Loading...