Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Бијонсе е најубавата жена во светот за 2012

Бијонсе е најубавата жена во светот за 2012

SHARE

Американската пејачка Бијонсе се најде на самиот врв на листата на најубави жена во светот која секоја година традиционално ја составува магазинот People.  Бијонсе ги порази актерките Софија Вергара и Шарлиз Стерон.

„Бијонсе е преубава жена, добитничка на 16 Греми награди, успешна пејачка, актерка и стилска икона.

Но, ништо не е поважно од нејзината сегашна улога: улогата на мајка на керќичката Блу Ајви која ја доби со Џеј Зи со кого е во брак четири години”, ја опишаа од People.

Позади Бијонсе на листата се најдоа Софија Вергара, Шарлиз Терон, но и Кејт Миделтон која го зазема деветтото место.

Бијонсе е преубава жена, добитничка на 16 Греми награди, успешна пејачка, актерка и стилска икона
Бијонсе е преубава жена, добитничка на 16 Греми награди, успешна пејачка, актерка и стилска икона

Еве ја листата на најубави

Софија Вергара

Оваа заносна актерка иако има 40 години, се смета за една од најсексипилните жени во светот, за што е и сама свесна.

–  Постојано сум на листата за „најдобар задник“ или „најубава“, и тоа покрај Мила Кунис. Па, јас имам син на тие години – изјави во една прилика Вергара.

Шарлиз Терон

Русокосата од Јужна Африка, Шарлиз Терон (36) за „W“ магазинот изјави дека момците не ја забележувале во школо поради големите бубалски наочари.  Шарлиз е наградена со Оскар за улогата во филмот „Monster“, а моментално има предизвикувачка улога на мајка на малиот Џексон.

Лили Колинс

Ќерката на пеачот Фил Колинс, Лили Колинс е моментално актуелна по улогата во „Mirror Mirror“ заедно со Џулија Робертс.  По улогата на Снежана почна да привлекува медиумско внимание, како млада жена со заносна убавина. Иако не ги сака своите густи веѓи, Лили сега смета дека тие и се предност.

„Сфатив дека комплицираните работи не прават поразлични, а тоа ве прави убави“, вели Лили.

Медлин Стоу

Иако пред 12 години го напушти Холивуд за да се посвети на своето семејство, актерката Меделин Стоу (53) се врати на филмското платно со улогата во серијата „Revenge“. Комбинацијата од убавина и талент ја направија една од најатрактивните жени во деведесетите. Во тој период таа беше актуелна со филмовите  „The Last of the Mohicans“ и „Unlawful Entry“.

Кристина Хендрикс

Откако се појави во серијата „Мad Men“, Кристина Хендрикс привлекува внимание со своите заносни облини. Пред да стане актерка, Кристина била манекенка во Италија.

Мишел Вилијамс

Мишел се закити со Оскар за улогата во филмот  „My Week with Marilyn“, што претставуваше нејзина најголема психичка трансформација во кариерата.

„Oчекувањата да бидам убава секогаш ми прават да се чуствувам грдо“, изјави Мишел во интервју за Vogue.

Пола Патон

По раѓањето на синот во април 2010 година, Пола Патон изјави дека ја прифатила својата убавина баш онаква каква што е.

„Носам помалку шминка и помалку се оптеретувам со својот изглед. Пред многу години сфатив дека нема вечно да бидам величина 0“, изјави за People.

Миранда Ламбер

Кантри ѕвездата Миранда Ламбер во медиумите често изјавува дека ги претставува нормалните девојки.

„Нормално е да имате облини. Среќна сум со своето тело. Многу девојки доаѓаат и ми заблагодаруваат што сум нормална“, вели Миранда за весникот „Helth“.

Кејт Миделтон

Војвотката од Кембриџ неколку пати ја крунисаа за дама со стил и најубава Британка откако се омажи со принцот Вилијам. Таа не престанува да ја „купува“ наклонетоста на луѓето со својот едноставен сензибилитет, одличниот моден вкус и насмевката.

РЕКЛАМИ: ---