Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Најубавата жена на светот сама се шиша

Најубавата жена на светот сама се шиша

SHARE

Славната пејачка и новопечена мајка неодамна сама се потшишала. Во јавноста се појавува со балетанки, па сепак магазинот People ја прогласи за најубава жена на светот.

На списокот следат Софија Вергера и Шарлиз Терон. Порано Бијонсе се сметаше за помалку разгалена ѕвезда, но се чини дека мајчиството малку ја промени.

Самата таа изјавила како се потшишала и дека носи чевли со рамни потпетици. Сето тоа по раѓањето на ќерката Блу Ајви.

Бијонсе си ја отворила душата во новото издание на списанието People, кое ја избра за најубава жена на светот.

„Не ни помислував дека некогаш ќе дојде време кога нема да сакам да носам високи потпетици“, изјавила таа и додала: „Но, сега, кога имам дете, цел ден ја држам во раце, па купив сандали. Ги сакам поради удобноста“.

[pullquote_right]Се потшишав сама и скратив 5 сантиметри. Земав ножици и пресеков на средината…, изјавила Бијонсе.[/pullquote_right]

Оваа изјава доаѓа откако папараците ја фатија на излегување од њујоршкиот хотел во Charlotte Olympia сандали, проценети на 660 долари.

„Џеј Зи обожува кога носам рамни обувки, што е големо изненадиваме затоа што никогаш претходно не ме видел без потпетици. Тој сака кога сум природна и опуштена“.

Џеј Зи обожува кога носам рамни обувки
Џеј Зи обожува кога носам рамни обувки

Таа, исто така потврдила дека ги заобиколила фризерите и сама си ја потшишала косата.

„Се потшишав сама и скратив 5 сантиметри. Земав ножици и пресеков на средината…“.

И без третманите за убавина, познатата пејачка се чувствува посамоуверено од било кога.

„Се чувствувам поубаво откако родив. Никогаш не сум се чувствувала толку приврзано, никогаш не сум доживеала животот да ми биде толку исполнет. Зборот љубов за мене сега има сосема друго значење“

Бијонсе во последните 10 недели ја дои својата ќерка и тврди дека со тоа изгубила многу килограми кои ги добила за време на бременоста. И покрај тоа, таа подлегнала и на протеинска диета, вежба три пати во неделата по 90 минути.

РЕКЛАМИ: ---