Home КУЛТУРА Настани Битолскиот театар на „Шекспир фестивал“ во Нови Сад

Битолскиот театар на „Шекспир фестивал“ во Нови Сад

SHARE

Ансамблот на Народниот театар-Битола ќе настапи на вториот „Шекспир фестивал“, кој од 25 до 30 јуни ќе се одржи во српскиот град Нови Сад.

– Во Нови Сад ќе настапиме со претставата „Отело“ во режија на Диего Де Бреа. Како што е познато станува збор за драма која Шекспир ја напишал во 1604 година посветена на Отело. Тоа е претстава која освен врвна актерска игра, изобилува и со светлосни ефекти и со музика која не ја остава рамнодушна публиката, впрочем така беше на „Охридско лето“, „Битола Шекспир фестивал“ и на други театарски сцени, а веруваме дека ќе биде така и во Нови Сад, информираат од НУ Народен театар-Битола.

Според програмата, театарот од Белорусија ќе настапи прв со претставата „Кралот Лир“, театарската група „Кататонија“ од Техеран, Иран ќе ја изведе претставата „Магбет“, а театарската програма на фестивалот ќе ја затвори битолскиот театар на 28 јуни со претставата „Отело“ во која настапуваат Борче Ѓаковски, Катерина Аневска, Марјан Ѓоргиевски, Иван Јерчиќ, Николче Пројчевски, Валентина Грамосли, Петар Горко и Илина Чоревска.

РЕКЛАМИ: ---