Home ШОУ БИЗз Мак сцена Боб Марли ден на 11 мај на „Школка“

Боб Марли ден на 11 мај на „Школка“

SHARE

По десетти пат оваа година, во петок, на 11 мај на денот познат како „Bob Marley Day“ на „Школка“ во Градскиот парк, ќе се слави роденденот на Боб Марли.

Манифестацијата ќе цел ден. Ќе почне во 12 часот попладне, а ќе трае до еден часот по полноќ.

Секоја година овој ден го посетуваат околу 10 илјади луѓе. Настанот кај нас се одржува од 2003 година, а на балканските простори, нашата земја е единствена во која се прославува роденденот на Марли. Вакви слични манифестации се одржуваат во Франција, САД, Италија, Германија …

Како и секоја година и оваа, организаторот Дејан Трпковски – Чарли најави богата програма.

– Ќе настапат неколку бендови како и диџеи. Од бендовите ќе ги видиме Ред Ратс, Трибјут бенд Боб Марли, како и Канон заедно со Коска, додека од диџеите ќе може да се проследат диџеј Чарлито, односно јас, Раста Срна, Џем Систаз и Лукавиот – вели Трпковски.

РЕКЛАМИ:
Loading...