Home ШОУ БИЗз Мак сцена Бојан Стојков и неговата сакана Соња со ново видео

Бојан Стојков и неговата сакана Соња со ново видео

SHARE

Конечно Бојан Стојков и Соња Мембрењо ќе го промовираат своето прво видео.

Нивната љубов започна за време на бугарскиот Идол каде што Бојан заврши како второпласиран. Веднаш потоа Соња без размисливање се пресели во Битола и од тогаш заедно живеат и работат на своите музички планови.

Нивната прва заедничка песна беше на Макфест 2011 каде што во дует ја испеаа “Има ли надеж” за која што снимија видео спот.

Промоцијата на истиот ке се случи во вторник во 12:30 – кафе бар „Бариста“ (кај Триумфална порта). Спотот е снимен на неколку локации во Виена, а го сработи „Зага продукција“. На промоцијата ќе биде прикажан видео записот и за бугарската верзија на песната, кој наскоро ќе биде претставен и пред публиката во Бугарија.

РЕКЛАМИ:
Loading...