Home LIFE STYLE Мода и Убавина Бојата која ќе ја одбележи 2013 е…

Бојата која ќе ја одбележи 2013 е…

SHARE

Одлуката за најпопуларната боја оваа година се донесува на основа на трендовите во модната индустрија, а смарагдната полека влезе во облеката, домот, автомобилите па дури и сетовите за јадење.

Тоновите на темно зелена се присутни во модните колекции за пролет 2013, особено на ревиите на Валентино, Долче и Габана, Марни и Роланд Морет.

Смарагдната е главна боја на новата JCP колекција за постелнина, Le Creuset за садови за домаќинство и Waterford производите од стакло.

Тоа е новата нијанса кај Tollens, популарниот бренд на фарби во Франција, а ја има и кај Oiver People очилата и Hublot  часовниците.

General Motors, автомобилот Chevrolet Camaro кабриолет ZL1 во оваа боја го нарече, „незрела зелена“.

Смарагдната боја се врати на сцената по долга хибернација, бидејќи последен пат беше во тренд за време на претседателот Реган.

„Ова е враќање во осумдесетите“, вели Литрис Ајземан, специјалист за бои во Пантон.

На црвениот тепих оваа боја се врати на Златните Глобуси во 2011. во овие тонови беа облечени Анџелина Џоли, Мила Кунис и Кетрин Зета-Џонс.

Тоа е боја на созревањето, среќата и богатството. Смарагдниот град е блескава престолнина на Волшебникот од Оз.

Не е ни чудно што маркетинг експертите се воодуевени од оваа нијанса, која носи порака на потполна иновација.

Одлуката за бојата на 2013-та е резултат на анализите наместо прогнозите. Анкетата била спроведена помеѓу индустриски, модни, дизајнери на ентериер и брендови за бои кои веќе работат на следнaта сезона.

РЕКЛАМИ:
Loading...