Home КУЛТУРА Настани „Бокељски мотиви“, изложба на дела на Љубомир Белогаски во Херцег Нови

„Бокељски мотиви“, изложба на дела на Љубомир Белогаски во Херцег Нови

SHARE

Во организација на ЈУ Музеј и Галерија „Јосип-Бепо Бенковиќ“ од Херцег Нови денеска во истоимената галерија ќе биде отворена изложбата „Бокељски мотиви“, дела од донацијата на Љубомир Белогаски при Музејот на Град Скопје.

Изложбата во Херцег Нови во организација на Музејот на Град Скопје ќе ја отвори Александар Василевски, амбасадор на Македонија во Црна Гора.

Оваа изложба е резултат на соработката меѓу Македонија и Црна Гора со цел проширување на меѓународната културна соработка, како и поради презентирање на македонското културно наследство во странство.

РЕКЛАМИ:
Loading...