Home ШОУ БИЗз Музика Браќата Џексон на заедничка турнеја

Браќата Џексон на заедничка турнеја

SHARE

Четворицата браќа Џексон, Џеки, Џеремејн, Марлон и Тито, прв пат по 28 години тргнуваат на заедничка турнеја, собрани во групата The Jacksons.

Турнејата со наслов The Unity Tour 2012 започнува на 18 јуни во Луизвил (Кентаки), а се продолжува во повеќе во 20 градови ширум Америка.

Според пишувањата на американските медиуми, популарните Џексонс ќе ги изведат нивните најголеми хитови настаната за време на некогашниот состав Jacksons 5, а турнејата во најголем дел ќе биде посветена во сеќавање на нивниот брат Мајкл.

– Ова е остварување на сонот, не можам да верувам дека ова конечно се случува! Непроценливо е чувството да се најдеш повторно на бина, а знам и дека духот на Мајкл ќе биде со нас на секој концерт, изјавил Џеки Џексон.

Со неговата изјава се согласил  Џермејн додавајќи дека потполно се подготвени за турнејата и се посветени на задачата уште еднаш своите настапи да ги изведат на највисоко ниво и креативност.

РЕКЛАМИ:
Loading...