Home ЗАБАВА Занимливости Бразилска полиција фатила тројца криминалци. Сите се викаат Џон Ленон!

Бразилска полиција фатила тројца криминалци. Сите се викаат Џон Ленон!

SHARE

Бразилски град е соочен со многу необична ситуација, откако во последниот месец имаат големи проблеми со криминалци кои се викаат Џон Ленон.

Полицијата во градот Бело Хоризонте за еден месец фатила тројца криминалци кои го носат името на славниот член на Битлси, а сега го пронашле телото на четвртиот, за кого се сомневаат дека е убиен во одмаздничка пресметка.

Овој феномен е наводно последица на популарноста на британскиот бенд во Бразил. Илјадници мајки им го дале името на Џон Ленон на своите новородени синови откако музичарот беше убиен во 1980-та година.

Триесет години подоцна, многу од тогашните дечиња, денес имаат проблеми со законот.

Полицијата последниот Ленон го фатила во петокот. Џон Ленон Рибеиро Сикуеира (19) е уапсен додека се подготвувал да ја ограби бразилската лотарија во Минас Гераис.

Во меѓувреме, Џон Ленон Фонсека Фереира (22), еден од најбараните криминалци во земјата, бил уапсен додека провалувал во куќа на 8 јануари.

Полицијата на 19 декември, минатата година го фатила и Џон Ленон Камаргоса Гомез (22) кој е обвинет за убиство на пет луѓе.

Еден Ленон немал многу среќа. Телото на Џон Ленон Себастијан де Силва било пронајдено на задното седиште на автомобил на 9 јануари, оваа година.

Бело Хоризонте - местото каде оперираат крималците со име Џон Ленон
РЕКЛАМИ:
Loading...