Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Бриџит Џоунс „доби“ нов маж – згоден доктор

Бриџит Џоунс „доби“ нов маж – згоден доктор

SHARE

Хју Грант нема да глуми во третото продолжение на филмот „Дневникот на Бриџит Џоунс“, но затоа главната хероина ќе добие уште позгоден фраер, поточно Патрик Демпси.

– Новата книга „Луда по момчето“ е одлична, но сценариото во многу нешта се разликува од неа. Затоа одлучив да не глумам во третото продолжение, изјавил Хју Грант (55).

Тој во хит-комедијата го глумеше женкарот Даниел Клавер, но се шушка дека главната хероина Рене Зелвегер (46) ќе го замени со уште позгоден фраер.

Продуцентската екипа наводно ги завршува преговорите со Патрик Демпси (49), кој во американската серија „Вовед во анатомија“ го глумеше докторот Дерек Шепард.

Филмот би требало да почне да се снима до крајот на годината.

РЕКЛАМИ:
Loading...